Талентираниот фудбалер на Ајакс, Сергино Дест ја одбра репрезентацијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дест оваа сезона игра одлично во Ајакс и младиот дефанзивец стана стандарден во холандскиот шампион, а неодмна одигра добар натпревар против Челзи во Лигата на Шампионите.
До сега настапуваше за репрезентацијата на САД, но имаше можност да ја избере Холандија, но на крајот сепак ја избра земјата од своето потекло во која играше во младинските селекции.
Бидејќи станува за врвен талент, Холанѓаните жалат за Дест, додека од другата страна, играчот ќе има поголеми шанси да игра, со оглед на сепак послабиот квалитет на играчки кадар.