Дома Трансфер зона Младата ѕвезда на Арсенал: Не ме интересира Реал Мадрид

Младата ѕвезда на Арсенал: Не ме интересира Реал Мадрид

Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели не е заинтересиран да се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Мартинели оваа сезона блесна во дресот на Арсенал и покажа дека има потенцијал да биде еден од најдобрите напаѓачи во иднина.

Медиумите веднаш почнаа да го поврзуваат Бразилецот со трансфер во Реал Мадрид, но тој очигледно не сака да се пресели во Мадрид и да ја има улогата на резервен напаѓач.

„Не знам за интересот на Реал, но не ме интересира. Сакам да освојам многу трофеи со Арсенал и Лигата на шампиони. Сакам да бидам легенда на Арсенал“, изјави Мартинели.

18-годишниот напаѓач оваа сезона на 26 настапи во сите натпреварувања постигна 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ареола го напушти Реал Мадрид и се врати во ПСЖ

Францускиот голман Алфонс Ареола го напушти Реал Мадрид. Ареола на почетокот од сезона во …