Дома Фудбал Италија Младата надеж на Јувентус вчера прескокна неколку легенди на италијанскиот фудбал

Младата надеж на Јувентус вчера прескокна неколку легенди на италијанскиот фудбал

0

Mладиот фудбалер на Јувентус доби прилика да се докаже оваа сезона и според она што го прикажа пред него претстои светла иднина.

Воодушеви Моис Кин против Ундинезе во рамките од Серија А кога постигна два погодоци, потоа одигра и добро во финишот од натпреварот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Со овие настапи си обезбеди повик од Роберто Манчини во репрезентацијата за натпреварите против Финска и Лихтенштајн.

Дебитираше во победата против Финска, постигна и погодок со кој „Аѕурите“ го обезбедија триумфот од 2:0. Со овој погодок стана и вториот најмлад стрелец во историјата на репрезентацијата со 19 години и 23 денови.


Следете го Sportski.mk и на


Рекордот го држи Бруно Николо кој во 1958 година на 18 години и 258 денови беше стрелец. Интересно е што споминатиот Николо постигна два погодоци во ремите со Франција (2:2). Подоцна се покажа дека тие два погодоци во репрезентацијата беа и негови единствени кои ги постигна на осум настапи.

Кин така прекокна легенди на националниот тим како Џани Ривера (19 години, 106 денови), Карл Рампини (19 години, 166 денови) и Џузепе Меаца (19 години 170 денови).

Младиот фудбалер после натпреварот истакна дека ова е само почеток и дека пред него чекаат уште рекорди кои можат да бидат срушени.

„Секогаш се трудам да бидам спремен и да тренирам редовно за да бидам подобро спремен кога ќе дојде време. Навистина сум среќен, ова ќе ми даде дополнителен мотив да работам напорно. Пред мене се сега бројни рекорди кои можам да ги срушам и ќе се обидам тоа да го направам“, истакна младиот репрезентативец на Италија.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…