Дома Фудбал Мијатовиќ: На Реал му одговара што Барселона толку се засили

Мијатовиќ: На Реал му одговара што Барселона толку се засили

Поранешниот југословенски репрезентативец и поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ смета дека шпанскиот шампион и понатаму има подобар тим од Барселона, иако Каталонците ангажираа голем број засилувања.

Според мислењето на Мијатовиќ, засилувањето на големиот ривал може да му користи на неговиот поранешен клуб.

„Барселона по тешката сезона реши да се засили. Ангажираа неколку врвни и проверени фудаблери. Сега лигата ќе биде поинтересна.

Ова му одговара на Реал, кој ќе има поголема конкуренција и нема да се опушти во ниту еден момент. Мислам дека Реал Мадрид како екипа е посилна од Барселона во моментов“, вели Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…