Дома Трансфер зона Михтарјан го раскинал договорот со Арсенал

Михтарјан го раскинал договорот со Арсенал

Хенрих Михтаријан спогодбено го раскинал договорот со Арсенал и ќе потпише перманентен договор со Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Оваа информација доаѓа само неколку часа откако италијанскиот клуб потврди дека постигнал договор со „топџиите“ за продолжување на позајмицата за уште една година.

Сега медиумите дојдоа до сензационално откритие и тврдат дека менаџерот на Михтарјан, Мино Раиола издејствувал раскинување на договорот со Арсенал и веќе постигнал договор со Рома за перманентен трансфер.

Доколку оваа информација се покаже како точна Арсенал ќе биде во голема загуба бидејќи во 2018 година за потписот на Михтарјан платија 34 милиони евра.

Сепак, на овој начин „топџиите“ ќе се ослободат од неговата висока плата, и поради тоа прифатиле раскинување на договорот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд. Иако со Лив…