Дома Македонски спорт Мак ракомет Митревски: Добивме непосакуван противник, но ќе влеземе како фаворити

Митревски: Добивме непосакуван противник, но ќе влеземе како фаворити

Ракометната репрезентација на Македонија немаше многу среќа и во баражот за Светското првенство 2025 година доби еден од непосакуваните противници во ждребот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашите ракометари ќе играат против селекцијата на Фарски Острови која беше најпријатното изненадување на овогодинешното Европско првенство.

Голманот Никола Митревски е свесен дека ќе играме против квалитетен противник, но сепак очекува ние да влеземе како фаворити.

“Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме.

Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…