Дома Фудбал Минхен и Санкт Петербург кандидати за финалето во ЛШ 2021

Минхен и Санкт Петербург кандидати за финалето во ЛШ 2021

Европската куќа на фудбалот денес објави дека Минхен и Санкт Петербург се кандидати за организација на финалето на фудбалската Лига на шампионите во 2021 година.

Според постапката на УЕФА до 26 октомври траеше процесот на поднесување на декларација за интерес за организација, а УЕФА во јуни ќе го објави домаќинот.

На стадионот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ се одигра финалето во ЛШ во 2012 кога трофејот го освои Челзи совладувајќи ги на пенали токму Баварците.

Од друга стадионот „Крестовски“ на кој настапува Зенит беше изграден минатата година во функција за Светското првенство што се одржа во Русија.

За финалето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа во 2021 година кандидати за домаќини се Севиља, Виена, и Тбилиси, додека за Суперкупот конкурираат Белфаст, Харков, Минск и Хелсинки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го одложи дуелот Тенерифе – Андора: одреден нов термин

Најавените обилни врнежи ги затворија спортските објекти на Тенерифе. Натпреварот со Андор…