Иако фудбалерите на Црвена Звезда вечерва беа поразени на Енфилд од Ливерпул, нивниот тренер Владан Милојевиќ немаше многу причини за незадоволство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул славеше со 4:0, но генерално гледано Звезда беше подобра од натпреварот против ПСЖ.
Милојевиќ смета дека неговата екипа од вакви натпревари може само да научи.
„Ливерпул е екипа која конкурира за трофеј, јас сум задоволен од играта. Од вакви натпревари можеме да научиме некои работи и за нас е ова големо искуство. Резултатот е висок, но играме против многу силни екипи. Очекувам уште подобра игра во Белград. Се надевам дека повредените играчи ќе се вратат што поскоро бидејќи играме на три фронта.“ – изјави тренерот на Звезда.
Да потсетиме, Звезда после ова коло останаа на еден бод, а во наредното коло повторно играат против истиот ривал, овој пат на Маракана.