Дома Трансфер зона Милинковиќ-Савиќ ќе го менува Вајналдум во Ливерпул?

Милинковиќ-Савиќ ќе го менува Вајналдум во Ливерпул?

Фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ се наоѓа на листата желби на Јирген Клоп, пренесува италијанскиот „Месенџеро“.

После заминувањето на Жоржињо Вајналдум, Ливерпул има празнина во средниот ред. Медиумите блиски на овој клуб пренесуваат дека „црвените“ нема да трошат премногу затоа што веќе платија 40 милиони евра на Лајпциг за Ибрахим Конате.

Наводно, Ливерпул го следи Савиќ веќе некое време и имаат намера да се вклучат во трката за српскиот фудбалер. Претходно Савиќ се поврзуваше со Јувентус и ПСЖ, меѓутоа во последно време таквите најавија се намалија.

Савиќ има 26 години и можеби сега е вистинскиот момент да ја подигне својата кариера на едно повисоко ниво, па би можел да ги разгледа опциите за заминување од Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ. Името на мла…