Дома Фудбал Германија Милер пред договор со Баерн за нова соработка

Милер пред договор со Баерн за нова соработка

За разлика од Роберт Левандовски за кој се уште не е јасно дали ќе продолжи во Баерн Минхен и следната сезона, Томас Милер постигнал договор за нова соработка.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Милер целата своја кариера ја помина во Минхен и како што стојат работите ќе остане во овој клуб и до пензија. После натпреварот против Арминија Билефелд кој Баерн го доби со 3:0 Милер објави дека е блиску до нов договор.

„Разговараме и се оди во добра насока, мислам дека брзо ќе се најде решение“, изјави Милер.

Дилема во Баерн останува и за Серж Гнабри кој се уште не е во преговори за нов договор. Во сабота Баерн ќе ја има првата шанса да ја прослави десетта титула во низа и тоа во натпревар против Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барди со гол го однесе Коњаспор во финалето на Купот на Турција (ВИДЕО)

Коњаспор се пласира во финалето на Купот на Турција, откако го победи Бешикташ со 1-0, а г…