Дома Фудбал Лига на шампиони Милер: Боли, но се уште ништо не е готово

Милер: Боли, но се уште ништо не е готово

Реал Мадрид во вчерашиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите го совлада Баерн Минхен со 1:2 на гостински терен и така обезбеди солидна предност пред реваншот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томас Милер по натпреварот не беше премногу расположен, иако и натаму е оптимист дека Баерн може да ја оствари целта на „Сантијаго Бернабеу“.

„Испаднавме наивни. Имавме неколку големи и одлични шанси. Во Бундеслигата велиме само благодарам и зимаме бодови. Можеби и денес важноста на мечот влијаеше. Моравме да оствариме подобар резултат. Боли тоа, но се уште ништо не е готово“, изјави Милер.

Реваншот во Мадрид е закажан за идниот вторник, по што ќе биде познат првиот финалист кој ќе игра во Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ: Не беше пенал, не беше офсајд, ВАР постојано е против нас!

Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското прве…