Дома Топ вести Милан јавно ги откри плановите на трансфер пазарот!

Милан јавно ги откри плановите на трансфер пазарот!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели денес во интервју за клупскиот канал ги откри плановите на „росонерите“ во летмиот преоден рок.

Мирабели транспарентно и јавно потврди дека сите важни фудбалери ќе останат, а клубот за следната сезона сака да донесе еден напаѓач, играч за врска и крилен напаѓач.

„Минатото лето пристигнаа многу фудбалери и сега веќе имаме солидна база на тимот. Го имаме најмладиот тим во Серија А и ова лето планираме да донесеме еден играч за врска, едно крило и еден врвен напаѓач. Бараме искусни и квалитетни фудбалери со кои ќе направиме салто во квалитет“, изјави Мирабели.

Спортскиот директор на „росонерите“ индиректно потврди дека Калиниќ и Андре Силва ќе бидат продадени.

Кутроне сигурно останува, Бака се враќа и ќе биде дел од тимот. Планираме да продадеме двајца напаѓачи и да донесеме еден врен напаѓач. Во одбраната нема да правиме никакви промени“, изјави Мирабели, кој на крајот ја коментираше ситуацијата на Донарума.

„Донарума не е на продажба. Минатото лето го продолживме договорот и сакаме да остане долго. Џиџо не ни соопштил дека сака да замине, ако одлучи да си оди нема да му стоиме на патот. Меѓутоа, треба да добиеме понуда која ќе одговара на неговата вредност, а таа е навистина голема“, јасен беше Мирабели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…