Дома Трансфер зона Милан тргнува по ѕвездата на Мехенгладбах

Милан тргнува по ѕвездата на Мехенгладбах

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.

23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а особено одличен меч одигра против Баерн Минхен пред неколку дена.

Италијанските медиуми пренесува дека Нојхаус е главна трансфер цел на Милан за следната сезона.

Нојхаус оваа сезона одигра 14 меча на кои постигна 2 гола и запиша три асистенции.

Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…