Дома Трансфер зона Милан тргнува по незадоволната ѕвезда на Јунајтед

Милан тргнува по незадоволната ѕвезда на Јунајтед

Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но може да си замине после само една година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Милан, кој сака да го донесе на „Сан Сиро“.

23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.

Сега Милан сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А. „Росонерите“ наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент и веќе спремаат понуда до Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…