Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После повредата на Кјаер, Томори дебитираше за Милан во дербито против Интер, а потоа беше стартер на следните два меча и одигра одлично.
Англискиот репрезентативец ги воодушеви сите во Милан и покажа дека станува збор за голем талент.
Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ се спремни да го задржат.
Малдини наскоро ќе започне преговори со Челзи за да го договори начинот на плаќање и ќе побара сумата да биде платена на две или три рати.
23-годишниот дефанзивец исто така е спремен да остане во Милан и да потпише долгогодишен договор.