Дефанзивецот на Специја и полски репрезентативец Јакуб Кифор ќе ја продолжи кариерата во Милан, пренесуваат полските медиуми.
Медиумите откриваат дека Милан ја победил конкуренцијата и постигнал договор со дефанзивецот, само нема информација дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А, а и на Мундијалот покажува одлични партии.
Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а силен интерес за него покажуваат уште Јувентус, Рома, Вест Хем и Лестер.
Меѓутоа Милан ја победил конкуренцијата и ги договорил и личните услови со агентот на полскиот репрезентативец, па сега треба да ја договори отштетата со Специја.