Дома Трансфер зона Милан сака да го врати Бакајоко

Милан сака да го врати Бакајоко

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан на лето сака да го врати францускиот играч за врска, Тиму Бакајоко.

Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.

Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него нема место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.

Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го врати играчот на Сан Сиро.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер тргнува по ѕвездата на Реал Мадрид

Хамес Родригез минатото лето се врати во Реал Мадрид, но не е во плановите на Зинедин Зида…