Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.
Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој оваа сезона се промовираше во еден од најефикасните напаѓачи во Европа.
Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 18.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.
Директорите на Милан отпатувале во Германија каде ќе имаат средба со агентот и самиот фудбалер.
#Milan, sale la candidatura di #Guirassy per gennaio: la situazione https://t.co/940Rz5klH1
— calciomercato.com (@cmdotcom) December 7, 2023