Дома Видео Милан на Сан Паоло ја продолжи серијата натпревари без пораз

Милан на Сан Паоло ја продолжи серијата натпревари без пораз

Наполи и Милан ремизираа (2:2) во натпревар од 32 коло во италијанската Серија А.

Во еден квалитетен натпревар на крајот беа постигнати 4 погодоци, а двата тим освоија по еден бод.

Милан прв дојде до водство во овој натпревар. Тео Ернандез во 20. минута стрелаше за водство на Росонерите со 0:1.

Сепак, не траеше долго радоста на гостите од Милано. Наполи во 34. минута изедначи, кога после лошата реакција на Донарума, Ди Лоренцо погоди за 1:1.

Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжението Наполи прв стигна до водство. Повторно лоша реакција на Донарума, а овој пат тоа го искористи Мертенс за предност од 2:1 во 60. минута.

Росонерите до бод дојдоа во 73. минута од натпреварот. Судијата Ла Пена покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Кеси за конечни 2:2.

За Росонерите ова е шести натпревар без пораз во првенството (четири победи и две нерешени).

Во овој натпревар нашиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во второто полувреме и помина на теренот 35 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…