Дома Трансфер зона Милан најде замена за Чалханоглу

Милан најде замена за Чалханоглу

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Иско.

Иднината на Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ е неизвесна, па Милан сака да донсе офанзивен играч за врска, кој е креативен.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Прв на листата желби е Иско, кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Шпанскиот плејмејкер е спремен да се пресели на „Сан Сиро“ доколку „росонерите“ изборат пласман во ЛШ.

„Кралевите“ се спремни да го пуштат плејмејкерот за 25 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Доколку не успеат да го договорат трансферот на Иско, „росонерите“ ќе се насочат кон хрватскиот репрезентативец Никола Власиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…