Дома Фудбал Милан конечно победи, Црвена Звезда „потона“ во Монако

Милан конечно победи, Црвена Звезда „потона“ во Монако

Милан во третотот коло ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, Црвена Звезда доживеа дебакл во Монако.

„Росонерите“ немаа право на кикс, но не го отворија добро мечот и Мењан имаше две одлични одбрани. Меѓутоа, во 34-та минута Пулишиќ погоди директно од корнер за водство од 1:0, а при крајот на полувремето Бриж остана со играч помалку.

Гостите успеаа да израмнат на стартот на вториот дел, но потоа Милан засилжено дојде до водство и сигурна победа од 3:1 со двата гола на Рејндерс.

На овој меч со само 16 години дебитираше во Лигата на Шампиони Франческо Камарда и постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Црвена Звезда долго одолеваше против Монако и до последната минута од полувремето беше 1:1 кога домаќините постигнаа гол. Меѓутоа, во второто полувреме имаше канонада на Монако за голема победа од 5:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковски со додавање за гол го испраќа Колос на репрезентативната пауза

Лука Станковски му асистираше на Денис Ндукве во ремито 1-1 кај Буковина. Македонскиот игр…