Дома Топ вести Милан и Атлетико блиску до договор: На „Сан Сиро“ пристигнува големо засилување!

Милан и Атлетико блиску до договор: На „Сан Сиро“ пристигнува големо засилување!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Атлетико Мадрид се блиску до договор за напаѓачот Анхел Кореа.

Аргентинецот од поодамна има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Сепак, Кореа инсистира да му биде дозволен трансфер во Милан, па „јорганџиите“ се спремни да попуштат и да се договорат со „росонерите“.

Атлетико бараше 50 милиони евра за играчот, додека Милан понуди максимално 42 милиони евра, а медиумите тврдат дека тоа ќе биде сумата за која Кореа ќе се пресели во Милан.

„Нашите преговори нема да ги потпираме на фактот што фудбалерот исклучиво сака да се пресели во Милан и да му направиме проблем на Атлетико. Милан е фер и џентлменски клуб, ние не работиме на таков начин“, изјави Бобан.

Се очекува во следните денови делегација на Милан да отпатува во Мадрид за да ги договори последните детали од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ништо од големиот трансфер: Младеновски не ја поминал пробата во Динамо Киев

Mладиот македонски фудбалер Марио Младеновски не ја поминал пробата во Динамо Киев објавиј…