Дома Трансфер зона Милан и Аталанта спремаат трампа

Милан и Аталанта спремаат трампа

Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на млад напаѓач, а Малдини веќе составил список со неколку имиња.

Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Жиру е во зрели фудбалски години, па Милан сака да донесе млад напаѓач.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Прва желба е Расмус Хојлунд, кој оваа сезона блесна во дресот на Аталанта. 19-годишниот Данец има постигнато 14 гола и покажа дека е голем талент.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкурецијата и нуди трампа на Аталанта.

„Росонерите“ се спремни да го понудат Де Кетеларе, за кого минатото лето платија 35 милиони евра, а Аталанта е заинтересирана за таквата трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…