Дома Трансфер зона Милан има „план Б“ за наследник на Ибрахимовиќ

Милан има „план Б“ за наследник на Ибрахимовиќ

Милан е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан ова лето ќе остане без Златан Ибрахимовиќ и веќе започна да бара негова замена, а на врвот на листата желби се наоѓа Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Сепак, „росонерите“ разгледуваат и алтернативни опции доколку не успеат да го ангажираат Србинот, а тоа е токму Џонатан Дејвид.

Дејвид оваа сезона блескаше во дресот на Гент и постигна 23 гола на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем.

Сепак, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 20 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алкантара оди во Премиер лигата, но не во Ливерпул?

Тиаго Алкантара дефинитивно ќе го напушти Баерн ова лето, но се уште не е познато каде ќе …