Дома Трансфер зона Милан започна преговори за откуп на Томори

Милан започна преговори за откуп на Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.

Малдини веќе започнал преговори со Челзи за откуп на дефанзивецот и ќе се обиде да ја намали цената, иако „сините“ тешко дека ќе направат компромис.

Сепак, „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан сигурно ќе го откупи 23-годишниот Англичанец, кој веќе постигнал договор со „росонерите“ за 5-годишна соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Нов тренер и три големи ѕвезди пристигнуваат во Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Зинедин Зидан на крајот на сезоната ќе го напушти Реал …