Дома Топ вести Милан започна преговори за „новиот Виеира“

Милан започна преговори за „новиот Виеира“

Милан веќе размислува за засилувања за следната сезона, а прв на листата е ѕвездата на Ајакс, 20-годишниот играч за врска, Рајхедли Базур.

Како што пренесуваат холандските медиуми двете страни се во поодминати преговори, а трансферот би требало да изнесува 22 милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Во постојан контакт сме со директорите на Милан и можам да кажам дека преговорите се веќе од поодамна започнати“, изјави за „Телеграф“ агентот на Базур.

Овој фудбалер во Холандија го споредуваат со Патрик Виеира, бидејќи по стилот на игра премногу наликува на славниот Французин, кој своевремено беше член и на Милан.

За Базур инетрес покажуваат многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Арсенал и Борусија Дортмунд, но Милан е најконкретен.

Базур игра одлично во дресот на Ајакс, а минатата година дебитираше и за холандската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…