Дома Трансфер зона Милан доби нова идеја – Лука Јовиќ!

Милан доби нова идеја – Лука Јовиќ!

0

Mилан е во голем офанзива во Мадрид и тоа во двата дела од тој преоден рок.

До крајот на преодниот рок Милан ќе се обиде да доведе играчи на Реал и Атлетико. За Анхел Кореа се пишува веќе подолго време, тој трансфер изгледаше како завршен, но кога пропадна трансферот на Родриго во Атлетико работата застана.

Сега „росонерите“ имаат нова идеја – Лука Јовиќ!

Реал Мадрид ова лето го плати Јовиќ 60 милиони евра, меѓутоа од неодамна низ медиумите започна да се пишува дека Зидан не е задоволен од она што Јовиќ го покажал во предсезоната и поради тоа сака да го испрати некаде на позајмица да собира исксутво.

Таа ситуација сака да ја искористи Милан кој до крајот на преодниот рок ќе се обиде да доведе еден или ако има можност и двајца офанзивни играчи.

Покрај Јовиќ Милан се поврзуваше и со уште еден напаѓач на Реал, Маријано Диаз. Со Диаз ситуација е поинаква од него Реал сака да се ослободи и да го продаде.

До крајот на преодниот рок нема уште многу, па останува да видиме што ќе се случува.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанците ја открија главната причина зошто Погба не се пресели во Реал

Дури и ако Јунајтед се согласи ова може да биде голем проблем. Пол Погба и понатаму има же…