Дома Фудбал Италија Милан го промени тренерот на голманите – Донарума разочаран

Милан го промени тренерот на голманите – Донарума разочаран

Милан моментално подготвува жалба до спортскиот суд во Лозана за суспензијата на УЕФА, но во меѓувреме направи и промени во тренерскиот кадар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, миланскиот клуб денес потврди дека тренерот на голманите Алфредо Магни заминува, а на негово место е ангажиран Валерио Фиори.

Оваа одлука силно го разочара Џанлуиџи Донарума, бидејќи познато е дека Магни е негов ментор и самиот голман големи заслуги за кариерата му препишува токму него.

Алфредо Магни беше во Милан долги години уште од времето кога тренер на „росонерите“ беше Карло Анчелоти.

Италијанските медиуми тврдат дека Донарума е разочаран што нема повеќе да соработува со Магни, па останува да се види каква ќе биде неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рано почина татко му, беше сиромашен и го киднапираа: Сега е познат по нокаутот во Шпанија (Видео)

Името на Аргентинецот Естебан Андраде (35) последниве денови ги полни насловните страници …