Дома Трансфер зона Милан го откупува Брахим Дијаз

Милан го откупува Брахим Дијаз


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Раководството на Милан донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи Брахим Дијаз, кој е на позајмица од Реал Мадрид.

Дијаз веќе трета сезона игра како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а Милан на крајот на сезоната има можност да го откупи за 22 милиони евра.

Шпанецот игра фантастично од почетокот на сезоната и Милан веќе донесе одлука да го откупи на крајот на оваа сезона.

Сепак, последниот збор ќе го има Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ имаат опција да го вратат во Мадрид за 27 милиони евра.

Милан сака да го задржи плејмејкерот и наскоро ќе седне на преговарачка маса со Реал, а со оглед дека двата клуба се во исклучително добри односи се очекува да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aрсенал плаќа 30 милиони евра за фудбалер на Реал?

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Арсенал нап…