Дома Трансфер зона Милан го нуди Хауге и 30 милиони за ѕвездата од Серија А

Милан го нуди Хауге и 30 милиони за ѕвездата од Серија А

Јанс Петер Хауге во октомври пристигна во Милан како голем талент, а веќе на лето би можел да го напушти клубот.

Имено, една од примарните цели на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

Де Паул игра уште една фантастична сезона и тренерот Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред.

Проблем претставува цената од 40 милиони евра која ја постави Удинезе, па „росонерите“ сакаат во трансферот да го вклучат и Хауге.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е спремен да понуди 30 милиони евра плус потписот на Хауге, па сега се чека одговор од Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редов…