Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во завршни преговори со Вулверхемптон за трансфер на младиот напаѓач Патрик Кутроне.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ од продажбата на Кутроне ќе инкасираат 20 милиони евра плус боноси, но веднаш ќе донесат замена за напаѓачот.
Медиумите во Италија тврдат дека Милан е на чекор до напаѓачот на Лил и португалски репрезентативец Рафаел Леао.
20-годишниот Леао имаше одлична сезона во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а „росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 22 милиони евра.
Се очекува веднаш штом ќе биде комплетиран трансферот на Кутроне, Леао да пристигне на лекарски прегледи во Милано.