Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.




Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.




Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а миланските клубови сакаат да ја искористи таквата ситуација.




Милан и Интер се спремни да го донесат играчот на позајмица со право на откуп.