Интер и Милан покажуваат сериозен интерес кон напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Примарна цел на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач бидејќи Џеко е во поодминати години, а Санчез е на излезна врата.
Исто така и Милан е во потрага по напаѓач бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно на крајот на сезоната ќе се пензионира.
Примарна цел на двата милански гиганти е токму Џонатан Дејвид, кој игра фантастично во дресот на Лил.
Агентот потврди дека напаѓачот на лето сигуно ќе ја промени средината, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема.