Дома Топ вести Миланско дерби за Цеск Фабрегас

Миланско дерби за Цеск Фабрегас

0

Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека Цеск Фабрегас во јануари би можел да се пресели во Серија А во еден од миланските клубови.

Фабрегас има 31 година и актуелниот договор со Челзи му истекува на крајот на сезона, па на Челзи би му одговарало да го продаде во јануари за на лето да него изгуби без оштета.

Откако Сари дојде во клубот Шпанецот нема некоја голема улога, настапи само еднаш и тоа во поразот во Комјунити шилд од Манчестер Сити.

Милан и во минатото имаше обиди да го донесе Фабрегас на „Сан Сиро“ и сега внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.


Следете го Sportski.mk и на


Сепак, ќе треба да ја победат конкуренцијата на градскиот ривал Интер, кој исто така покажува интерес за Шпанецот, откако пропадна трансферот на Лука Модриќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најава: Како ќе помине 158-то вечно дерби во Србија?

Вечерва од 19:00 часот се игра вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда. Разбијте го …