Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ после продолженија до победа против Ловќен

МЗТ после продолженија до победа против Ловќен

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до третта победа во АБА2-лигата и тоа откако по голема драма го совладаа тимот на Ловќен со 100-90.

По 40 минути игра резултатот беше 79:79. Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водството, а кошот за израмнување го постигна Иванов на 27 секунди до крајот.

Во дополнителните пет минути МЗТ беше значително подобар тим и на крајот славеше и убедлива победа од десет поени разлика 100:90.

Најефикасен во составот на МЗТ беше Медфорд со 22 поени, а најефикасен играч на мечот беше Алекса Поповиќ со 33 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Јани Атанасов доби место во тимот на колото во Хрватска

Maкедонскиот фудбалер Јани Атанасов одигра одлично за Хајдук Сплит во победата од 1:0 прот…