Дома Фудбал Италија Мењан за расистичкиот скандал: Не треба зборување, потребни се казни

Мењан за расистичкиот скандал: Не треба зборување, потребни се казни

Голманот на Милан, Мајк Мењан беше мета на расистички напади од навивачите на Удинезе, поради што мечот беше времено прекинат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После мечот Французинот откри детали и истакна дека не треба само да се зборува за расизмот, туку потребни се потешки кази.

„Уште при првиот гол-аут, слушнав мајмунски крици, но не преземав ништо. Вториот пат кога ја имав топката кај себе, повторно слушнав исти крици. Му го кажав тоа на четвртиот судија, а потоа и на моите соиграчи на клупата. Им порачав дека не може да се игра фудбал во такви услови, не е првпат да се случува нешто слично“.

„Мора да имаме строги санкции бидејќи разговор повеќе не помага. Тие „фанови“ кои што го прават тоа треба да си седат дома и да не доаѓаат повеќе на стадион. Кога го сакаш фудбалот, сакаш да дојдеш на стадион и да навиваш за својот тим, да ги учиш децата да го сакаат фудбалот. Срамно е кога децата се таму со своите семејства и пријатели и го гледаат ова“, истакна Мењан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…