Флојд Мејведер е еден од најдобрите, но и најконтроверзни боксери, а сега закажа борба против својот долгогодишен спаринг партнер Дон Мур, борбата треба да се одржи на 14. мај во Дубаи.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова ќе биде спектакуларен меч кој ќе се одржи на хелиодромот на хотелот „Бурџ Ал Араб“. На оваа необична локација борбата ќе може да ја следат само 20 гледачи. И разбирливо ако сакате да сте меѓу тие 20 ќе треба да платите вистинско богатство.




Најавите се дека еден билет за оваа борба ќе чини 215.000 евра. Борбата ќе се следи и во директен пренос преку стримиг-платформа. За ваквата услуга ќе треба да се плати 18 евра.




Ќе потсетиме, Мејведер после победата над Конор Мекгрегор кариерата ја заврши со перфектни 50-0, а ова ќе биде негова трета егзибициска борба после пензионирањето.
