Во рамките на шестото коло од СЕХА регионалната лига, Металург запиша нов пораз овојпат од Горење со 25:29.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако беа добар противник, ракометарите од Автокоманда не успеаа да го издржат притисокот во финишот на мечот од страна на гостинскиот состав кој во клучните моменти направи значителна предност.
На полувремето гостите успеаа да задржат два гола позитива, па на пауза заминаа со резултат 14:16.
На стартот на вториот дел Металурзите поведоа со два гола предност, по серијата 4:0, но не издржаа до крај, па клучен за Горење беше финишот од мечот.
Јагањац во редовите на Металург беше најуспешен со шест постигнати голови, додека кај Словенците тоа беше Поточник со постигнати пет погодоци.