Дома Македонски спорт Мак ракомет Металурзите запишаа нов пораз: Чеховски Медведи доминираше во Скопје

Металурзите запишаа нов пораз: Чеховски Медведи доминираше во Скопје

0

Металург иако беше фаворит на денешниот меч, повторно запиша пораз во рамки на Лигата на шампионите и тоа против Чеховски Медведи кој во „Борис Трајковски“ славеше со 26:29.

По пет порази во низа, рускиот состав успеа да слави против Металурзите. Тимот од Автокоманда забележа доста грешки во одбраната, и потешкотии во нападот.

Металург се обиде да игра и со седум играчи, без голман, но ниту тоа не вроди со плод.

Томовски беше одличен на голот,а тоа се чини го спаси нашиот вицепрвак од поголем пораз.

Првото полувреме гостите го добија со пет погодоци предност, односно 12:17. Второто полувремене беше ништо поразлично. Највисоката предност Чеховски Медведи ја имаше во 46. минута кога имаше пет погодоци позитива. На крајот Металург се обиде да се доближи, но епилогот гласеше три гола негатива за тимот од Автокоманда, односно конечни 23:26.

Во таборот на Металург најпрецизен беше Ангелиќ со постигнати пет поени, додека на спротивната страна се издвои Санталов со постигнати седум гола.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манасков во препознатлива форма: Веспрем рутински во уште победа во домашното првенство

Унгарски Веспрем славеше уште еднаш во домашното првенство, овојпат против Дабас на гости …