Дома Топ вести Меси стави точка на „војната“: Се што правев, правев во интерес на клубот

Меси стави точка на „војната“: Се што правев, правев во интерес на клубот

Лионел Меси одлучи повторно да излезе во јавноста и да зборува за изминатите случувања во Барселона.

Првата ѕвезда на каталонскиот гигант во последно време испраќаше критики до раководството, бараше и трансфер, но на крајот беше приморан да остане во Барселона затоа што претседателот Бартомеу за него бараше оштета од 700 милиони евра.

Сепак, сега во интервју за каталонскиот „Спорт“ Меси откри дека одлучил да стави точка на се.

„После се што се случи би сакал да завршам со тие работи. Сите мораме да се држиме заедно, најдоброто од нас допрва следи. Ја прифаќам одговорноста за своите грешки ако тие постоеа. Ги правев за да го засилам и подобрам клубот. Сакам да испратам порака до сите навивачи ако биле вознемирени од моите постапки тоа јас го правев во интерес на кубот“, истакна Меси.

Секако, ова вероајтно е најдобар потег за Барселона и Меси го повлече затоа што во текот на сезоната потребен е мир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Енис Барди е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември…