Дома Фудбал Меси поставил три услови до Лапорта за да остане во Барселона

Меси поставил три услови до Лапорта за да остане во Барселона

Лионел Меси се уште не донел одлука дали на крајот од сезоната ќе го продолжи договорот со Барселона.

Договорот на Меси со Барселона истекува на лето и ќе може како слободен играч да го напушти „Камп Ноу“ доколку не се согласи да го продолжи договорот.

Во Барселона се надеваат дека новиот претседател Жоан Лапорта ќе успее да направи пресврт во ситуација и ќе го убеди Меси да остане. Лапорта има рок до 30. јуни, до тогаш важи договорот на Лео.

Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта и Меси набрзо ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за новиот договор, а наводно Аргентинецот веќе поставил три услови.

Првиот услов бил Барселона да доведе звучно име во нападот, а изгледа дека тоа би можел да биде некој од Агуеро или Халанд. Вториот е Барселона повторно да се базира на играчите од „Ла Масија“, оваа сезона можеше да се види дека има потенцијал за такво нешто.

И третиот услов, Меси да има директна врска со претседателот за да ги знае плановите и тактиката на водење на клубот во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормил…