Дома Фудбал Меси не го крие незадоволството: Ова што го правиме е лудо!

Меси не го крие незадоволството: Ова што го правиме е лудо!

Аргентинскиот капитен Лионел Меси не го криеше незадоволството од ова издание на Копа Америка истакнувајки дека е тешко да се игра во такви услови. .

Аргентинците измината вечер ја победија Канада и сега во финалето ќе го бранат трофејот против подобриот од натпреварот Уругвај – Колумбија.

„Ова издание на Копа Америка е потешко од било кога. Терените се лоши, температурите се високи, противниците се силни… кога се ќе се собере, навистина е тешко“, зборуваше Меси

Токму поради тоа го смета успехот на Аргентина за уште поголем.

„Па ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијава и нејзината стара гарда стигна до уште едно финале, кое ќе биде четврто во низа“.

Во јавноста претходно се шпекулираше дека ќе се повлече од националниот дрес, но засега Меси не најавува такво нешто и продолжува да игра на високо ниво.

„Уживам многу во овие натпревари, свесен сум дека ова се едни од последните битки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Џевад Прекази: Југословенскиот фудбал остана без уште една легенда

Џевад Прекази почина на 70-годишна возраст. Само неколку дена претходно зборуваше за карие…