Дома Фудбал Останато Меси и Агуеро во прашина: Џеко е најдобриот играч во Европа (Видео)

Меси и Агуеро во прашина: Џеко е најдобриот играч во Европа (Видео)

„Whoscored“, портал кој според бројните статистички параметри со математичка формула го обработува учинокот на играчите, го избра најдобриот тим за септември во „петте лиги“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На голот е Хитц од Аугзбург со оценка 7,7, а пред него во одбраната се Кимик, Монреал, Сане и Гоулам.

Во редот за врска место најдоа двајца играчи од Манчестер Сити, Стерлинг со 8,3 и Де Брујне со 8,4. Тука се и Фелаини и Меси.

Голем месец е и зад напаѓачот на Сити, Агуеро кој во септември заработи просечна оценка 9,3, но тој сепак не е најдобро оценетиот играч.

Џеко, напаѓачот на Рома, доби оценка 9,4 и наградата од овој портал за најдобар фудбалер во изминатиот месец во најсилните европски лиги. За Рома постигна пет погодоци покрај асистенции, а за БиХ два погодоци против Гибралтар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…