Дома Фудбал Останато Меси е „персона нон-грата“ во Кина, па Аргентина го откажа мечот

Меси е „персона нон-грата“ во Кина, па Аргентина го откажа мечот

Репрезентациите на Аргентина и Нигерија следниот месец нема да одиграат пријателски натпревар во Гуангжу, бидејќи властите на тој град решија да го откажат натпреварот.

Причината за тоа е Лионел Меси, односно гневните навивачи кои би можеле да му се одмаздат на Аргентинецот.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Меси пред неколку дена го пропушти пријателскиот натпревар во Хонг Конг, а потоа играше на мечот во Јапонија, па кинеските медиуми, политичари и навивачи го нападнаа Аргентинецот.

Организаторите на натпреварот во Хонг Конг најавија дека ќе вратат половина од парите од заработката на билетите за натпреварот меѓу Интер и репрезентацијата на Хонг Конг, бидејќи Меси не играл.

Се уште не е познато дали ќе биде откажан и вториот натпревар на Аргентина на кинеско тло во тој период, против Брегот на Слоновата коска во Пекинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Teн Хаг бил шокиран со барањето на фудбалерите по поразот од Фулам

Манчестер Јунајтед никако не успева да се врати на славните победнички патеки кога овој кл…