Дома Фудбал Меси го реши Бразил! (ВИДЕО)

Меси го реши Бразил! (ВИДЕО)

Aргентина во фудбалски класик одигра во Саудиска Арабија го совлада Бразил со резултат 1:0.

Во возбудлив натпревар „Гаучосите“ стигнаа до триумф и тоа благодарение на голот на Лионел Меси.

Бразил ја имаше првата голема шанса. Во 10-тата минута беше досуден пенал за „Кариоките“, но Габриел Хесус очајно шутираше и го промаши целиот гол.

Казната стигна три минути подоцна. Нов пенал беше досуден, Алисон го одбрани ударот на Меси, но топката се одби до аргентинската ѕвезда која не погреши од вториот обид.

Никој не очекуваше дека овој резултат ќе биде конечен. Двете селекции има прилики за гол, меѓутоа на крајот резултатот не се промени.

Аргентина во целиот натпревар прикажа многу поголема желба за победа и на крајот заслужено стигна до триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест од Србија: Почина тренерот Радмило Јовановиќ

Радмило Јовановиќ почина во 76. година од животот. Раднички 1923 се прости од својот поран…