Дома Видео Меси го изедначи историскиот рекорд на Герд Милер

Меси го изедначи историскиот рекорд на Герд Милер

Барселона синоќа, после две нерешени натпревари во Ла Лига, успеа да запише победа. Каталонците славеа со 0:2 на гостувањето кај Виљареал, а вториот гол за Барса беше дело на Лионел Меси.

Освен што со својот погодок во 83. минута ја потврди победата на Барса, Меси успеа да го изедначи и историскиот рекорд на легендарниот напаѓач на Баерн Минхен, Герд Милер.

Имено, голот на Меси беше 525. погодок во дресот на Барса, па тој се придружи на Милер на врвот на листата фудбалери со најмногу погодоци за една екипа.

Рекордот кој сега го држат Меси и Милер се однесува само за клубовите кои се од петте најквалитетни фудбалски лиги.

Аргентинецот веќе наредната недела на Камп Ноу на натпреварот против Депортиво  ќе има прилика да го сруши рекордот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

За овој гол зборува целиот свет🎥

Во 10-то коло од холандското првенство Гронинген го победи АЗ Алкмаар со резултат 2:0, но …