Дома Трансфер зона Менаџерите на Агуеро пристигнаа во Барселона

Менаџерите на Агуеро пристигнаа во Барселона

Претставници на Серхио Агуеро денес пристигнаа во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Агентите ќе имаат средба со раководството на Барселона за да преговараат за евентуален трансфер на Агуеро на „Камп Ноу“.

Како што е познато, Аргентинецот на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити како слободен агент бидејќи му истекува договорот.

Каталонците бараат нов централен напаѓач, а ограничените финансиски ресурси го прават Агуеро трансфер цел број еден.

Меѓутоа, Агуеро е посакуван од неколку европски гиганти како Челзи, Јувентус, Тотенхем…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…