Дома Фудбал Меморија на едно дамнешно време: Абрамовиќ на трибините, Мориентес и Раул во тунелот (ФОТО)

Меморија на едно дамнешно време: Абрамовиќ на трибините, Мориентес и Раул во тунелот (ФОТО)

Репрезентациите на Шпанија и Русија за нешто малку повеќе од еден час ќе ја стартуваат средбата од осминафиналето на СП во Москва.

Ова ќе биде четврти дуел на споменатите репрезентации на големите натпреварувања, а Шпанија во изминатите три средби славеше против селекцијата на домаќинот.

Денес „Црвената Фурија“ исто така е голем фаворит без оглед на тоа што првенството се игра во Русија, а на Твитер во овие моменти можат да се најдат некои фотографии од една од нивните меѓусебни средби.

Станува збор за Европското првенство 2004. година во Португалија, кога Русија и Шпанија се сретнаа во групата, а Шпанија славеше со 1:0.

Секако денес, 14 години подоцна, убаво е да се присетиме како тоа некогаш изгледаше, а една фотографија од тунелот пред мечот ќе ви разбуди сеќавања на Пујол, Раул, Мориентес и Ечиберија.

Исто така, еден поглед на трибините ќе ве потсети и на тоа како Роман Абрамовиќ изгледаше како 37-годишник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…