Дома Трансфер зона Медиумите го селат во Барса, а Де Лихт тврди: Ништо не сум потпишал!

Медиумите го селат во Барса, а Де Лихт тврди: Ништо не сум потпишал!

0

Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт изјави дека до овој момент се уште не потпишал ништо за негов евентуален трансфер во Барселона.

19-годишниот дефанзивец беше херој на Ајакс во синоќешната победа на Јувентус и пласманот во полфиналето од Лигата на шампиони.

Денес, „ЕСПН“ ексклулзивно пренесе дека Де Лихт ја избрал Барселона пред Баерн Минхен со кој исто така бил во преговори, а каталонскиот гигант на Ајакс ќе му плати 75 милиони евра.

Тоа би бил втор трансфер од Ајакс во Барселона оваа година. Уште во јануари тимот од „Камп Ноу“ го обезбеди потписот на соиграчот на Де Лихт, Френки Де Јонг кој исто така е платен 75 милиони евра (плус 11 како бонуси).

Договорот веројатно ќе биде финализиран многу брзо. Де Лихт така ќе ја засили одбраната на Барселона и ова е навистина одлична зделка за каталонскиот гигант, бидејќи во своите редови доведува двајца супер талентирани фудбалери на кои им се предвидува голема кариера.

Де Лихт даде свој коментар на ваквите тврдења, тој не негира дека може да се пресели во Барселона, но тврди дека се уште ништо не потпишал.

„Нема ништо за објавување. Се уште не сум потпишал ништо. Сега сме во полуфинале од ЛШ и лидери сме во првенството. Има доволно време да мислам за трансфер кога ќе заврши сезоната“, изјави Де Лихт.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ќе мора да го продава Донарума: ПСЖ и Манчестер Јунајтед спремаат понуди

Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за ФФП доколку и оваа год…