Дома Фудбал Мбапе се налутил и дал ветување во соблекувалната за реваншот со Барселона

Мбапе се налутил и дал ветување во соблекувалната за реваншот со Барселона

Француските медиуми не стивнуваат по поразот на Пари Сен Жермен од Барселона, но не поради загриженост, туку поради очекувањата дека избраниците на Луис Енрике ќе се покажат во вистинско светло во реваншот.

Звучи интересно што никој во Париз не се сомнева елиминација, а една од причините е фактот што веруваат ПСЖ не може да игра толку лошо како на првиот меч. Истото се истакнува за Мбапе кој имаше натпревар далеку под своите можности.

Сега француските медиуми пренесуваат дека Мбапе по натпреварот во соблекувалната им дал ветување на соиграчите дека во реваншот ќе се покаже во своето најдобро издание, тврди „Л’Eкип“.

Кунде и Араухо беа одлично и целосно го затворија Мбапе кој не успеа да пронајде решенеи во нападот. Да потсетиме, пред три години Мбапе постигна хет-трик на „Камп Ноу“ во победата од 4:1 во осминафиналето на Лигата на шампионите, па на таков настап се надеваат и во реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…